cfmoto македонија 2021
ATV vozila Презентација и ТЕСТ-ВОЗЕЊЕ на новите CFMOTO АТВ модели – CFORCE X4 и Х5 !

Презентација и ТЕСТ-ВОЗЕЊЕ на новите CFMOTO АТВ модели – CFORCE X4 и Х5 !

Во неделата на 16.10.2022г. во ресторан Потковица,Хиподром, CFMOTO Macedoniа ја организирше презентација а воедно и ТЕСТ-ВОЗЕЊЕ на своите долгоочекувани нови АТВ модели – CFORCE X4 и X5.  Новата генерација наследници на добро познатите CFORCE 450 L и CFORCE 520 L. 

Овие модели отсега се достапни и во нашиот продажен салон на ул. ,,Пролет“ 4А во Скопје.

На овој настан присутните имаа можност преку презентацијата да се информираат за новитетите, нивните подобрувања и технички карактеристики, да ги испробаат моделите и да се уверат во целокупната понуда, но истовремено и да уживаат во прекрасниот сончев ден збогатен со гурмански специјалитети и одлична музика.

 

Новата генерација на модели CFORCE X4 и CFORCE X5 носи модерен футуристички дизајн, каде посебно внимание привлекуваат LED групите светла,

кои му даваат остар и агресивен изглед, но и многу светлина и добра видливост.

Овие нови модели ја поседуваат ДНК на моделот CFORCE 625 кој се покажа исклучително добро во сите сегменти и ужива некои од најдобрите карактеристики во сегментот ATV.

Поради напредниот дизајн, овој пристап е јасно видлив кај новите модели, а ова е само уште еден показател зошто CFMOTO е во премиум сегментот.

Што се однесува до удобноста, дополнително е подобрена ергономијата на положбата на возачот, положбата и обликот на резервоарот, како и обликот и материјалот на седиштето.

Седиштето е изработено од пена која овозможува исклучителна удобност при возење во седечка положба, возачкиот дел од седиштето е ергономски дизајниран така што возачот

има уште подобра и поголема контрола врз самото возило без разлика дали седи или стои.

Исто така, издолжен е задниот дел од седиштето наменет за патникот, а потпирачот за грб на кој продолжува обезбедува дополнителна безбедност и удобност за патникот,

чија положба е значително подобрена во однос на претходниот модел.

 

 

Ќе пробаме да ви доловиме дел од атмосферата низ призмата на овие фотографии. Додека пак, нашите модели и целокупната понуда може да ја погледнете на нашата веб страна:
CFMOTO -многу повеќе од што очекувавте!

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com