ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ТЕСТ-ВОЗЕЊЕ НА НОВИТЕ CFORCE X4 И X5 АТВ ВОЗИЛА
Наша огромна чест и задоволство ни е да ве поканиме на нашата презентација по повод новите модели на CFMOTO а тоа се долгоочекуваните АТВ возила: CFORCE X4 и CFORCE X5.
Новите модели на нашите АТВ возила, CFORCE X4 и X5 се наследни на генерацијата најпродавани и најпознати модели ширум светот, CFORCE 450 L и 520 L кои ќе имате можност не само да ги видите туку и на ТЕСТ- ВОЗЕЊЕ да ги испробате.
Ве покануваме да дојдете да се дружиме,забавуваме и заедно да ги испробаме најновите модели кои се подготвени за многу возбудливи авантури
Настанот ќе се одржи на 16.10.2022 (недела), почнувајќи од 15:00 часот и ќе трае до 18:00. Местото каде што ќе се одржи овој настан е Коњички клуб – Хиподром, Скопје.
За да бидете дел од ова наше дружење, задолжитело треба претходно да се пријавите на телефон 074/203-464.