cfmoto македонија 2021
CFMOTO CFMOTO Ви најавува: МОТО РЕЛИ И ТЕСТ ВОЗЕЊЕ !

CFMOTO Ви најавува: МОТО РЕЛИ И ТЕСТ ВОЗЕЊЕ !

Почитувани,

Оваа година Мото релито во чест на Независноста на Република Македонија, традиционално се одржува по триесет и први пат.Да се биде дел од оваа авантура е

навистина голема чест и задоволство, па затоа CFMOTO Macedonia ќе учествува со свои модели на моторцикли.

Тоа се атрактивните: 700 CL-X и 800 МТ

 

700 CL-X

Во време кога барате да го искористите секој слободен момент, барајте средство за да го исполните. Вие сте на вистинската адреса, новата класа CL-X е посебна приказна.
Lifestyle како начин на живот …

СТАНДАРДНА ОПРЕМА: Ride By Wire – електронска контрола на гас, Cruise Controle – Tempomat, систем за сопирање со двојни канали ABS, Upside Down превртена вилушка, алуминиумски тркала, гуми PIRELLI Route MT60, дигитален контролен панел, целосно LED светло и осветлување, ретровизори, USB.

 

800 MT

Новиот модел на CFMOTO 800 MT TOURING се стреми кон возачи со високи барања. Импресивен карактер, богата опрема и КТМ-гени. Авантуристичкото возење сега има друга димензија.Интензивен адреналин, силни емоции. Секој ден ќе биде инспиративен. Неговата мисија не е таму каде што е патот,туку каде што ве води умот.

СТАНДАРДНА ОПРЕМА: Електронска контрола на гасот Ride by Wire, Режими на возење- дожд (Rain) и спорт (Sport),CF-SC лизгачка педала,двонасочни Quickshift-er, KYB придушување со целосно прилагодување напред- UpsideDown, жичени бандажи, ABS BOSCH систем за сопирање во кривина, мултифункционален IPS TFT дисплеј,Tempomat (контрола), целосно интелигинтно LED осветлување, светла за магла, интегрирана заштита за возачот и мотоцикалот,ЦЕНТРАЛЕН ШТЕНДЕР…

 

Почетна точка е на плоштад Македонија во Скопје, а целата рутата е предвидена да мине низ три етапи, во 3 дена.

Почеток во 10 часот од Плоштад Македонија во Скопје (02.09.2022)

Агенда на настанот:

Ден 1: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани пауза, Доручек-Виница – Берово – Струмица пауза за освежување – Дојран – Ноќевање. Вечера 20.00ч на плажа “Стејџ” каде ќе има организирана забава

Ден 2: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – пауза освежување – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Ноќевање. Вечера во ресторан Бонанца до Хотел Силекс Охрид во 20.00 час.

Ден 3: Охрид – Кичево пауза освежување – Стража – Тетово – Скопје

Финиш во Скопје пред Спортска сала Борис Трајковски.

 

СЕ ПОКАНУВААТ СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА CFMOTO моторцикли, кои се заинтересирани, да земат учество во ова традиционално МОТО РЕЛИ во кое со особено задоволство учествува и компанијата CFMOTO Macedonia.

Исто така, CFMOTO организира ТЕСТ-ВОЗЕЊЕ на 07.09 и 10.09 (среда и сабота) на моделите 700 CL-X и 800 МТ  кои ќе учествуваат во Мото релито.

Заинтересираните да се пријават на телефонскиот број 074/203-464 или во порака на социјалните мрежи – Facebook и Instagram

 

CFMOTO – многу повеќе од што очекувавте!

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com