cfmoto македонија 2021
CFMOTO НЕЗАБОРАВНО МОТО РЕЛИ ВО ЧЕСТ НА НЕЗАВИСНОСТА 2022!

НЕЗАБОРАВНО МОТО РЕЛИ ВО ЧЕСТ НА НЕЗАВИСНОСТА 2022!

Мото Рели во чест на Независноста на Република Македонија 2022, традиционално се одржа и оваа година, по триесет и први пат.

Oваа година, CFMOTO беше учесник со два атрактивни модели на моторцикли: 800 МТ и 700 CL-X.

Почнувајќи од Скопје (плоштад Македонија), кон Куманово па потоа, Свети Николе, Кочани, Струмица, Дојран, Гевгелија, Кавадарци, Охрид до Кичево и повторно во Скопје, (Спортска сала Борис Трајковски). Учесниците во три дневно возење со попатни паузи, како и организиран престој и храна ја возеа рутата во чест на Независноста на Република Македонија.

Ви пренесуваме дел од атмосферата на Мото Релито од почетокот па се до завршетокот на програмата.

Целокупната агенда од програмата на ова мото рели беше следната:

Ден 1: Скопје – Куманово – Свети Николе – Кочани пауза, Доручек-Виница – Берово – Струмица пауза за освежување – Дојран – Ноќевање. Вечера 20.00ч на плажа “Стејџ” каде ќе има организирана забава.

Ден 2: Дојран – Гевгелија – Неготино – Кавадарци – пауза освежување – Прилеп – Битола – Ресен – Охрид – Ноќевање. Вечера во ресторан Бонанца до Хотел Силекс Охрид во 20.00 час.

Ден 3: Охрид – Кичево пауза освежување – Стража – Тетово – Скопје

Финиш во Скопје пред Спортска сала Борис Трајковски.

 

 

Ни беше огромна чест и задоволство што бевме дел од ова Мото Рели и оваа година, на традиционален начин уште еднаш ја одбележавме независноста на нашата татковина.

Искуствата и впечатоците од оваа авантура беа прекрасни – како и самата природа и пејсажи кои ни ги пружи нашата земја.

CFMOTO- многу повеќе од што очекувавте !

 

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com