ПРИПРЕМЕТЕ СЕ ЗА НОВАТА МОТО СЕЗОНА 2022 СО CFMOTO
Полека, но сигурно ни се приближува пролетта а со неа и сезоната за возење и авантура со вашиот ,,миленик“. Време е вашиот мотоцикал да го извадите од гаража и да ги започнете првите подготовки паралелно со првите сончеви зраци на асфалтот. Освен тоа, неколкуте чекори кои ви ги предлагаме за одржување и проверка на вашиот мотоцикал нема да ви одземат многу време а вие ќе имате сезона исполнета со авантура и возбуда, без додатни проблеми. Значи, пред да ги завртите клучевите на вашиот мотоцикал и да стиснете гас проверете ги нашите совети за предвремена подготовка и сервис од долгиот зимски сон. Исто така, разгледајте ги и нашите модели на мотоцикли кои со сигурност се едни од најпродаваните возила во Европа и пошироко.
1.ПРИПРЕМА ЗА ПРВ СТАРТ: Визуелен преглед
Најпрво, проверете го агрегатот на вашиот мотоцикал. За да го направите тоа, почнете со визуелен преглед во случај да приметите било какви невообичаени промени после зимскиот одмор.
Проверете дали има некакво истекување на течност како што се дамки од масло,потоа проверете дали има доволно присуство на антифриз,па додајте по потреба до обележаното ниво. Проверете го и резервоарот, искусните возачи во своите мотори го полнат резервоарот до максимум со високооктанско гориво пред крајот на сезонатаи така го оставаат во текот на целата зима. Тоа е така бидејќи обичното гориво почнува да ги губи својствата и перформансите. Односно, гориво со октански број 98 постепено се смалува на 95 или 92, додека пак горивото со октански број 92 едноставно нема да запали од искрите. Многу важно е да се присетите дали сте имале и некаков проблем со свеќиците, и ако одговорот е да, тогаш се препорачува замена со нова свеќица. Многу возачи почетници, па дури и оние искусните знаат дека може да се соочат со голем проблем ако ова не им појде од рака. Прекумерното затегнување може да доведе до деформитет на навојот или во најлош случај свеќицата може да пукне. Најдобар начин да се избегне ова е да се опремите со алати кои содржат гумени облоги во себе. Откако овој дел ќе го завршите, протресете го мотоцикалот за да го придвижите маслото во амортизерите. Ако има можност да се допрат проверете дали се уредни и суви, во спротивно контактирајте сервис центар.
Не помалку важно е и проверката на изгризани жици од глодари.
2. ВТОР ЧЕКОР: ПОВРЗЕТЕ ГО АКУМУЛАТОРОТ
Ако сте заборавиле да ја извадите батеријата од лежиштето при гаражирањето на моторот, тогаш морате потполно да го наполните акумулаторот пред да го поврзете со мотоцикалот. Во секој селучај, доколку е добар акумулаторот тој ќе успее да стартува. Потоа, изнесете го моторот на улица или во двор на отворено за да поработи во празно околу 20тина минути.
3. ТРЕТ ЧЕКОР: ПРОВЕРКА НА ГУМИ
Батеријата е целосно наполнета и моторот е загреан, време е за проверка на гумите. Паркираниот мотоцикал често може да има издишени гуми во текот на зимската хибернација. Ако е таков случајот и со вас, тогаш треба да проверите дали воздухот излегува од вентилот или е тоа заради некое друго страно тело кое може да стрчи од гумата. По правило, пред крајот на сезоната никој не ги менува гумите и сите се трудат да извозат со старите подолго. Според сообраќајните правила,дозволената преостаната длабочина на шарите на гумата за мотоцикал мора да биде 1мм. За волја на вистината, ни ова не е доволно. Но, главниот проблем со истрошената моторџиска гума не е ниту истрошената шара (или надворешен слој), туку кршење на геометријата на профилот. Гумата мора да има тркалезен пресек! И кога централниот дел е избришан од шарата, кривата има тенденција да се претвори во квадрат или правоаголник и е видлива дури и со голо око.
4. ЧЕТВРТ ЧЕКОР: ЗАМЕНЕТЕ ГО МОТОРНОТО МАСЛО И ФИЛТРИТЕ
Сега кога се уверивте дека гумите се во добра состојба, можете да возите до најблиската сервисна станица или работилница за промена на моторното масло. Некои возачи претпочитаат ова да го направат пред гаражирањето на мотоцикалот, но овој пристап е погрешен. Во текот на зимата, новото масло сигурно ќе оксидира и ќе изгуби дел од корисните својства. Затоа подобро е да се одложи замената до почетокот на претстојната сезона. Уверете се дека потполно сте го изспразниле старото масло пред да ставите ново. Не заборавајте да го смените и филтерот за воздух и целосно отстранете ја нечистотијата или песокот што се акумулирале во воздушната кутија.
5.ПЕТТИ ЧЕКОР: ПРОВЕРЕТЕ ГИ СОПИРАЧКИТЕ
Важно е да се обрне внимание на течноста во кочниците односно нејзината густина и на состојбата на плочките за кочење. Во суштина, течностите за сопирачките се многу хигроскопни и многу брзо ја апсорбираат влагата. И колку повеќе вода има во течноста на сопирачките, толку е помала точката на вриење, зголемувајќи ги шансите за дефект.
СОВЕТ: Модерните мотоцикли се опремени со напредни ABS системи, како што се мотоциклите на CFMOTO, затоа промената на течноста и проверката најдобро е да се довери на експерти.
6.ШЕСТТИ ЧЕКОР: ПРЕГЛЕДАЈТЕ ГО ПОГОНСКИОТ ЛАНЕЦ
Олабавеноста е нормална појава кај секој мотоцикал опремен со ланец. Значи, првото нешто за проверка на ланецот е затегнатоста. Лабавиот ланец ќе излезе од запчаникот. Ова може да го решите и самите и да го вратите во лежиштето. Висината на подигачот не треба да надминува 3-4 цм, во спротивно треба да се затегне. Ова обично се прави со поместување на задното тркало, со отпуштање на прицврстувачите и поместување назад заедно со ланецот. Ако ланецот го надминал својот работен век, може да се скине и да ги заглави тркалата. Внимавајте!
7. СЕДМИ ЧЕКОР: АНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗЕЊЕ
Откако ги разгледавте претходните клучни чекори за припремата,следи последниот но и не помалку важен чекор. За да влезете сосема подготвени во новата мото сезона, направете тест возење за да го тестирате моторот и неговите нагли промени или невообичаени движења. На пример, може да се појави опасна празнина некаде во лежиштата на тркалата. Бидејќи овие промени се бавни и потешко се приметуваат. Но, кога повторно го стартувате во пост-зимски период можни се промени при нагло сопирање или забрзување. Слушајте го вашиот мотор како ,,дише“ првите неколку километри во новата сезона и тие ќе ви откријат многу. Ако нешто е невообичаено за вашиот мотор, не се двоумете туку веднаш реагирајте и утврдете ја причината.
Потсетете се на важните правила за возење на две тркала и секогаш бидете претпазливи.
Нашата услуга за сервис и продажба на мотоцикли CFMOTO, е тука за да го подготвите вашиот мотоцикал или да одберете нов за претстојната сезона и безбедно и удобно да се возите на вашиот ,,миленик“.