
Нашите возила во служба на нашата држава- донација за МВР од Германската Амбасада !
На 05.12.2022г. во Понеделникот, АТВ моделите на CFMOTO официјално беа превземени од МВР на Р.С Македонија поточно во служба на Граничната Полиција.
Оваа одлична вест сакаме да ја споделиме со сите вас и притоа со ова уште еднаш да покажеме дека брендот CFMOTO секогаш стои зад двоите вредности и ставови,
безбедноста на сите свои возила и успешноста на АТВ моделите на пазарот.
CFORCE 850 XC моделите се едни од најпродаваните off-road возила на светкиот пазар и нудат високи перформанси и врвен квалитет, истовремено подготвени
за сите задачи и предизвици. Оваа донација која се официјализираше во понеделникот како еден од поголемите проекти, е првенствено донација на Германската Амбасада
за нашата Гранична полиција и претставува уште еден доказ дека новитетите се клучен елемент и фактор за секој сегмент во развојот на секоја држава, така и нашата.
СТАНДАРДНА ОПРЕМА на моделот: EPS серво управувач, алуминиумски тркала, дигитален контролен панел, дводелно седиште, потпирачи за грб и парапети за совозачи,
12V приклучок, USB приклучок, електрично витло, кука за приколка со ел. сигнална врска, ЛЕД дневни светла, ретровизори, амортизери на гас.
БОИ: Портокалова, сина, сребро, камо
Прилагодувањето кон иновациите е придонес за сите вклучени страни. Така и нашите АТВ возила ги претставуваме со гордост на бројни настани низ нашата држава како и во околината.
Уверени сме дека она кое го рефлектира нашата компанија во однос на нашите возила влијае на сите сегашни и идни членови на фамилијата CFMOTO.
CFMOTO- многу повеќе од што очекувате!