![](https://cfmoto.mk/wp-content/uploads/2022/12/20180504152400.jpg)
Пристигна новата SHOT зимска опрема во нашиот салон !
Драги наши сегашни и идни членови на CFMOTO фамилијата, ве известуваме дека новата зимска SHOT опрема пристигна во нашиот CFMOTO продажен салон.
Висококвалитетна, водоотпорна и удобна зимска опрема достапна за сите возачи. Ние имаме се што ви е потребно за да се опремите целосно за вашата следна авантура, независно дали е со четирицикл или мотоцикл, исто така, независно од сезоната.
Со нашата целокупна понуда, соберете ја совршената колекција на опрема за возење со ATV, UTV, SSV и сите останати возила достапни на нашата официјална страна cfmoto.mk.
Сите ваши омилени CFMOTO стилови можете да ги споите во една целосна удобна опрема, насочена кон перформанси и технологија. Исто така, нашата опрема ви нуди пред се заштита од сите можни предизвици со кои се соочуваат искусните и помалку искусните возачи.
Нашата палета на додатна опрема нуди:
- заштитни очила – штитници — од 2,100 до 3,800 денари.
- заштитни шлемови – кациги (обични/со визир) — од 6,100 до 7,500 денари.
- јакни — од 2,000 до 8,900 денари.
- штитници за гради — 5,800 денари.
- чизми за мотоциклисти — 11,500 денари.
- ракавици за мотоциклисти — 2,500 денари.
- појас — 2,000 денари.
- кабаници за дожд — 3,400 денари.
Повелете, посетете не на ул. Пролет 9А, Скопје, или порачајте онлајн на нашата страна на која од денес се достапни сите цени.
CFMOTO – многу повеќе од што очекувате.