cfmoto македонија 2021
CFMOTO CL-X 700 Sport- новиот член во фамилијата на CFMOTO за прв пат кај нас!

CL-X 700 Sport- новиот член во фамилијата на CFMOTO за прв пат кај нас!

Ова што сега го гледате не е некоја минијатурна играчка за мали деца, ниту пак нацрт на некој замислен модел за мотоцикал, ова е вистински снагатор кој за прв пат ќе биде достапен и кај нас во Македонија.

Ова е врвен сериски мотоцикал на CFMOTO што ја носи ознаката 700 CL-X. И, додека размислувате за сите негови способности и моќи, ние накратко ќе ве запознаеме со овој фантастичен модел, а вие ќе имате можност истиот да го погледнете и одблизу да се воодушевите во нашиот продажен салон на CFMOTO во Скопје.

Овој нов снагатор од нашата компанија, технички во основа е сличен како и 700 CL-X Heritage, кој веќе некое време се нуди во нашиот изложбен салон. CL е кратенка за Classic, а X претставува бескрајни можности. Како и неговиот ,,брат“, моделот Sport има нео-ретро тркачки дизајн.

CL-X 700 Sport го има истиот агрегат и погон како и моделот Heritage, но драстично се разликува во детали и тоа: дизајн, механика, сопирачки итн. Како што сугерира неговото име, ова е верзијата Sport. Она што го издвојува е двојниот диск на предните тркала во споредба со Heritage, и има малку поагресивна возачка позиција и поцврсто, порамно седиште.

МОДЕРЕН И РЕТРО ДИЗАЈН

CL-X 700 Sport е мотоцикл чиј дизајн постави стандард во класата помеѓу модерно и ретро и кој би го привлекол вниманието на секој моторџија.  Ги има класичните карактеристики на café racer во современ стил. Неговиот естетски стил на café racer доби нова интерпретација со извонредни перформанси и софистициран стил. Кружните LED светла изгледаат фантастично со затемнети предни суспензии, додека тркалезните ретровизори и резервоарот за гориво се во стилот на 80-тите години на ХХ век. Новиот модел од CFMOTO фамилијата е стандардно опремен со Cruise Control – темпомат, ABS двоканален систем за сопирање, Ride by Wire-елекронска контрола на гаста, BREMBO сопирачки, KYB суспензија, превртена предна вилушка, дигитален дисплеј и LED осветлување. Кога се гледа било кој агол, CFMOTO 700 CL-X SPORT има спортски ретро-агресивен изглед. Целокупниот изглед на мотоциклот дава впечаток на динамичен и агресивен мотор, како уличен борец. Мускулестиот резервоар за гориво, заедно со двобојната нијанса, остава силен визуелен впечаток.

ФРАЕР ПО КОЈ ЌЕ СЕ ВРТАТ СИТЕ ВО ГРАДОТ 

CFMOTO CL-X 700 SPORT има мотор од 693 cm3, кој испорачува спортски 74 КС при 8.500 вртежи во минута, што ќе биде повеќе од доволно за секој градски моторџија за возбудливи возења, бидејќи овој модел ја покажува својата природа над 3.000 вртежи во минута.

Партнерството со KISKA (студио кое се занимава со стилизирање на мотоцикли КТМ) очигледно се исплати. Целиот мотоцикл е полн со навистина убави детали. Она што повеќето го искоментираа на прв впечаток од почетокот на најавата е дека посебно им се допаѓа седиштето и грбот.

Изборот на материјали користени за изработка на моделот CL-X 700 Sport беше посебна задача за нашиот дизајнерски тим и беше успешно решен. Главниот акцент беше ставен на доработката. Слободно можеме да кажеме дека нашата компанија со овој модел направи чекор напред во производството на мотоцикли.

CFMOTO CL – X700 SPORT е интересен градски мотоцикл, кој својот сопственик ќе го исполни со адреналин и задоволство секогаш кога ќе вози. Неговата главна цел се градските крстарења, но секако оние кои се заљубени во овој модел ќе одат и на кратки патувања надвор од градот.

CFMOTO- многу повеќе од што очекувавте !

 

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com