cfmoto македонија 2021
CFMOTO CFORCE 625- Нова верзија TOURING и OVERLAND

CFORCE 625- Нова верзија TOURING и OVERLAND

CFORCE 625 TOURING претставува еден од најбараните четирицикли во светот на возилата ATV.

И, ова не е ни малку случајност. Овој врвен четирицикал претставува идилична комбинација на моќ и големина. Со најмодерен и технолошки најнапреден дизајн, заедно со агресивни перформанси, овој SUV ќе ги воодушеви и најпребирливите возачи.

Едноставно нема никакви пречки за ова теренско возило!

Во сите нас лежи незапирлив копнеж и желба за апсолутна слобода и незадржливост. Некои својата дефиниција за независност и слобода ја наоѓаат во лов, риболов, кампување, планинарење и слично. Сепак, освојувањето на сета слобода за сите љубители на бестрашно адреналинско возење започнува кога ќе седнете зад возилото CFMOTO кое и пркоси на конкуренцијата со своите перформанси. Станува збор, секако, за возилото CFORCE 625 TOURING, кое е еден од најпопуларните quad модели на европскиот пазар.

Најважно правило пред да одберете вистинско АТВ возило за вас е да ги оцените и процените перформансите на возилото. Без разлика за каков терен станува збор, вашето АТВ воизло треба да ги надимне сите предизвици.

CFORCE CFMOTO 625 TOURING е токму возилото што ги исполнува сите овие карактеристики. Винчот е стандардна опрема за сите наши модели на ATV, а кај оваа нова верзија доаѓа со моќен капацитет на влечење од 3000 lbs, што го прави CFORCE 625 исклучително практичен за различни услови и задачи надвор од патот.

CFORCE 625 Touring е придвижуван од 580cc, едноцилиндричен мотор со течно ладење со електронско вбризгување гориво BOSCH. Оваа единица има доживеано технички подобрувања во споредба со претходниот модел, кои вклучуваат ревизија на главата на цилиндерот и оптимизација на каналите за довод и издувни гасови, што резултира со значително зголемување на перформансите.

Моторот сега постигнува максимална моќност од 45 КС, со максимален вртежен момент од 51 Nm што нуди импресивна моќност и сигурност.

Овој агрегат е поврзан со автоматски менувач и канадски CVtech менувач кој е селективен за да можете да вклучите погон на задните тркала, погон 4×4, што значи и заден и напред, како и блокирање на предниот диференцијал со едноставно притискање на копче.

Воланот на возилото CFORCE 625 Touring е дизајниран со фокус на ергономијата и удобноста,со што на

возачот му се обезбедува лесна контрола и маневрирање дури и во тешки теренски услови.

Сите прекинувачи се изработени од висококвалитетна пластика, тие се совршено позиционирани и доаѓаат со позадинско осветлување, што е стандардно за сите наши ATV возила, но и една од ставките што нè издвојува од сите други марки на пазарот на квадрици.

CFORCE 625 OVERLAND

OVERLAND е специјална верзија на моделот CFORCE 625, која е наменета за оние кои сакаат нешто посебно за себе.

CFORCE 625 OVERLAND е специјална копија во ограничен број за оние кои сакаат максимална удобност при возење на најтешките терени.

Уникатната мат боја на Granite Ridge во комбинација со фантастични детали од оваа ограничена серија на најпродаваниот

ATV модел во Европа, која сега доаѓа со максимална опрема за максимално уживање во возењето. Она што ја издвојува верзијата Overland од стандардната верзија 625 Touring е посебен авантуристички изглед и дополнителна опрема за возење во сите временски услови и секаков вид терен:

– единствена мат боја на Granite Ridge
– специјално дизајнирани предни и задни шипки
– ALU заштита на растенијата
– дополнително ветробранско стакло
– заден куфер
– специјално дизајнирани алуминиумски бандажи️️ во мат црна боја

Стандардната опрема на моделот Overland вклучува фабричко тврдо куќиште кое е поставено зад грбот на патникот. Куќиштето е водоотпорно и изработено од висококвалитетна тврда пластика, што е веќе познато за компанијата CFMOTO и треба да ви обезбеди доволно простор за складирање на опрема која е заштитена од сите временски услови.

Моделот Overland, за разлика од стандардниот модел CFORCE 1000, доаѓа со ALU SkidPlate што се вградува по целата должина на каросеријата на возилото. Оваа плоча го штити возилото од оштетување на суспензијата или долниот дел од возилото предизвикано од удирање на трупците, камењата или при преминување на паднатите трупци за време на авантуристичките возења.

CFMOTO-повеќе од што очекувавте !

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com