
CFMOTO дојде до првите бодови во Moto3 GP шампионатот !
CFMOTO зачекори во едно ново патување во првенството на шампионатот- Moto 3 GP!
Првиот кинески произведувач на мотоцикли во шампионатот Moto 3 ги обезбеди своите први бодови,откако Ксавијер Артигас одлично ја извози стазата на Losail во Катар.
Светското првенство во Moto GP 2022 година официјално започна изминатиов викенд со трките за Големата награда Катар вклучително и дебито на CFMOTO во Moto3 трките.
Спортските новинари будно го следеа настапот на првиот кинески производител на мотоцикли во едно вакво грандиозно такмичење и беа воодушевени од резултатите и фантастичните способности на мотоциклите.
НАЈДОЛГАТА MOTO GP СЕЗОНА НЕКОГАШ ЗАБЕЛЕЖАНА!
Стазата Losail се наоѓа на триесетина километри од Доха,главниот град на Катар.Изградена е нешто помалку од една година, а цената на оваа грандиозна стаза изнесува околи 58милиони долари. Должината на стазата е 5.380 км, поседува само еден конкретен правец кој е долг 1068 метри и опкружен е со вештачка трева за да се спречи налетот на песок.
Самата стаза има шеснаесет кривини и таков правец кој овозможува да се достигнат и максимални брзини.Ветровито време значи дека ветрот може да нанесе пустинска прашина која го прави возењето повозбудливо со самиот абразивен слој на асфалтот.
Самата агендта на трките започна нешто порано од вообичаено за сите три класи: Moto3,Moto2 и MotoGP, со што се искористи пријатната попладневна клима, пред да се разубави теренот со рефлектори. CFMOTO Racing PruestelGP тим за прв пат ги покажа своите нови бои, а двете брзи шпански ѕвезди Карлос Татај и Касавиер Артигас се погрижија двата плави ,,ѕверови“ кои ги возеа во текот на тренингот и квалификациите да го достигнат својот максимум. Татај во саботата го завзема 11-тото место во четвртиот ред, а додека Артигас беше секунда назад на 13-тото место.
ТЕКОТ НА ТРКАТА НА CFMOTO RACING PRUESTEL GP ТИМОТ
Кога црвените светла на семафорот за старт ги снема, започна Големата трка од 18 кругови на жестоката Moto3 трка. Татај беше оној кој влезе во водечката група. Бројот 99 потоа доживеа катастрофа кога Серхио Гарсија со неспортски гест сакаше да предизвика невоља за CFMOTO возачот. Гарција беше казнет заради инцидентот а Татај можеше повторно да стартува.За жал, подоцна мораше да се повлече во боксот. Артигас потоа завзема полн замав и конечно го освои 10тото место. Календарот на MotoGp шампионатот продолжува на 20ти март кога ќе биде и Големата награда Индонезија на стазата „Pertamina Mandalika“. Мистеријата за оваа стаза сигурно ќе пружи уште повеќе забава и адреналин!
ШТО ВЕЛАТ ВОЗАЧИТЕ НА CFMOTO ЗА ПРВОТО КОЛО НА ТРКАТА?
За да ви го доближиме неописливото чувство со кое се здобија возачите на CFMOTO, Карлос Татај и Ксавиер Артигас во првото коло на трката,ви ги пренесува нивните лични изјави.
Ксавиер Артигас: ,, Навистина сум задоволен од целиот изминат викенд, бидејќи многу добро го разбрав и научив мојот мотоцикал и она што треба да се подобри. Сега сме уште повеќе спремни за следната трка после ова искуство. Би сакал да се заблагодарам на целиот тим за нивната напорна работа. Ова е само почеток.“
Карлос Татај: ,, Кога се ќе се собере, имавме одлична и моќна предсезона, вредно работевме и моето темпо овде во Катар беше максимално. Разочаран сум од трката од причина што некои нешта кои се случуваат и на кои не можеш да влијаеш се од друг причинител, а не по своја вина. Мораме да останеме фокусирани, да продложиме со напорната работа и да напредуваме во Индонезија. Ние ќе се држиме до нашата стратегија. Сепак, имаме уште дваест трки до крај. “
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВАТА ТРКА:
1. Andrea Migno, ITA, Honda 37:59.522
2. Sergio Garcia, ESP, GASGAS +0.037
3. Kaito Toba, JPN, KTM +0.573
4. Deniz Öncü, TUR, KTM +0.594
5. John McPhee, GBR, Husqvarna +1.064
10. Xavier Artigas, ESP, CFMOTO +6.055
DNF. Carlos Tatay, ESP, CFMOTO
Добриот почеток е половина успех! CFMOTO повторно е предводник бидејќи првиот чекор е веќе направен! Му честитаме на Артигас за освоеното 10то место и 6 бодови, а воедно ги цениме напорите на Карлос Татај за макотрпната припрема. Се радуваме на новите трки и уште подобрите резултати на 20ти март!