cfmoto македонија 2021
CFMOTO CFMOTO ги претстави своите нови модели CFORCE X4 и CFORCE X5

CFMOTO ги претстави своите нови модели CFORCE X4 и CFORCE X5

Компанијата CFMOTO одржа европска премиера на новите модели CFORCE X4 и CFORCE Х5 од 28 до 29 јуни оваа година на југот на Франција. Европската премиера се одржа во

исклучителниот амбиент на познатата винарија Шато де Ластур, која има над 80 километри патишта и полигони за теренски возила во најразновидни услови.

Со присуство на повеќе од 50 учесници кои беа главно новинари од цела Европа, но и регионални дистрибутери, се одржаа различни работилници и тестови на возила на кои беа претставени сите новитети, подобрувања и функционалности на новите модели.

CFORCE X4 и CFORCE X5 се наследници на веќе докажаните и најпродавани модели CFORCE 450L и CFORCE 520L, кои досега се продадени во над 100.000 примероци ширум светот.

Новите модели се карактеризираат со подобрено управување и технички карактеристики,подобрена ергономија на положбата на возачот, подобрен дизајн, како и самото искуство и леснотија на возење на овие возила. За време на европската премиера на овие возила, присутните имаа можност не само да се запознаат со новите возила, да ги тестираат и споредат со претходните модели, да се запознаат и со други новитети од компанијата CFMOTO како и нејзиниот раст и развој,но истовремено и да уживаат во една поинаква авантура исполнета со хедонизам на винаријата Шато де Ластур, која изобилува со феноменални вина, кулинарски специјалитети и пространство со патеки и богата вегетација за комплетно уживање.

Новата генерација на модели CFORCE X4 и CFORCE X5 носи модерен футуристички дизајн, каде посебно внимание привлекуваат LED групите на светла, кои му даваат остар и агресивен изглед, но и многу светлина и добра видливост. Овие нови модели ја поседуваат ДНК-та на моделот CFORCE 625 кој се покажа исклучително добро во сите сегменти и ужива некои од најдобрите карактеристики кај ATV возилата. Поради напредниот дизајн, овој пристап е јасно видлив кај новите модели, а ова е само уште еден показател зошто CFMOTO е во премиум сегментот.

Кај новите модели значително е подобрен радиусот на вртење, како и контролата при возење за дури 25% во однос на претходниот модел, што во голема мера придонесува за полесно маневрирање при возење. Особено е забележливо на терен со поголеми барања.

Ова е исклучително важно подобрување бидејќи им помага на помалку искусните возачи да се движат по тешки терени, а во исто време заморот на возачот при подолги и понапорни растојанија се сведува на минимум, а со тоа и потенцијалните грешки кои најчесто се појвуваат поради замор или недостиг на возачко искуство.

 

Што се однесува до удобноста, дополнително е подобрена ергономијата на положбата на возачот,обликот на резервоарот, како и обликот и материјалот на седиштето.

 

Седиштето е изработено од пена која овозможува исклучителна удобност при возење во седечка положба, возачкиот дел од седиштето е ергономски дизајниран така што возачот има уште подобра и поголема контрола врз самото возило без разлика дали седи или стои. Исто така, издолжен е задниот дел од седиштето наменет за патникот, а потпирачот за грб на кој продолжува, обезбедува дополнителна безбедност.

Компанијата CFMOTO уште еднаш се истакна како исклучителен домаќин, која по којзнае кој пат покажа дека е навистина бренд во премиум сегментот на пазарот и дека нашите возила се навистина вредни за внимание.

ДВА ДЕНА ЕВРОПСКА ПЕРЕМИЕРА ПО СИТЕ СТАНДАРДИ- ТЕСТИРАЊЕ И УЖИВАЊЕ

Со европската премиера на новите модели, CFMOTO за сите гости подготви своевидно задоволство и целосно доживување на новите возила. Сите гости на аеродромот ги пречекаа француските претставници на компанијата CFMOTO, од каде беа пренесени во хотелот лоциран во Нарбона, недалеку од Тулуз на самиот југ на Франција. Сите присутни имаа можност да уживаат во специјалитеите кои ги скокоткаа сите сетила и ги донесоа првите вкусови на француската гастрономија.

Во далечината на ендуро паркот Шато де Ластур се слушаше препознатливиот звук на АТВ кои се движат надвор од патот кон возбудените посетители.

По атрактивното возење, посетителите имаа можност за прв пат во живо да ги видат возилата и одблиску да ги запознаат, а ентузијазмот беше исклучително изразен на лицата на сите посетители.

Сега е сосема јасно дека овие нови модели ќе ги поместат границите и не само што ќе го потврдат успехот и доминацијата на претходните модели CFORCE 450L и CFORCE 520L,

туку сигурно ќе постават нови стандарди во овој сегмент и уште еднаш ќе покажат дека компанијата CFMOTO не е само вредни за внимание, но и дека речиси сите нивни возила се во премиум сегментот на пазарот. Моделите CFORCE X4 и CFORCE X5 ќе бидат достапни во наредните месеци низ западниот и јужниот дел на Балканот, па доколку планирате да купите или да се информирате околу истите, редовно посетувајте ја нашата веб-страница бидејќи таму ќе ги најдете сите потребни информации, како и вести од компанијата CFMOTO.

 

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com