Carlos Tatay #99- Запиша историја за CFMOTO на Moto3 GP!
Трката на новата патека Mandalika на островот Ломбок во Индонезија беше сцена на неверојатно пулсирачко финале на Moto3™.
Пол-сетерот Карлос Татај направи одличен старт на трката за Големата награда на Пертамина ( Grand Prix,Pertamina) во Индонезија и остана во чекор со водечката група.
На трката што се одржа на 20.03.2022 год. година, тимот на CFMOTO Racing Prustel GP можеше да смета на брзината на Карлос Татај, кој го носи бројот 99 на мотоцикл. Многу брзата и предизвикувачка патека Мандалика на островот Ломбок приреди и многу возбудувања за време на трката, а вештиот и исклучително брз Шпанец Карлос Татај за прв пат во историјата успеа да се искачи на пиедестал кинескиот бренд. Шпанецот го освои третото место и донесе значајни бодови за нашиот тим.
Со нестабилно време, дождови слични на монсуни и задушлива топлина, тркачкиот викенд се покажа повеќе од предизвик за сите MotoGP™ класи. Придружбата на Светскиот Шампионат ќе продолжи да ги акумулира воздушните милји во наредните недели.
Во саботата, Татај возеше со полн гас низ темнината и се тркаше кон својата прва пол-позиција за CFMOTO во неговиот втор настап за нашиот тим. Бројот 99 беше само осум стотинки пред Диого Мореира. Одличен резултат постигна и Артигас. Неговото најдобро време во К2 круг беше две десетинки побавно од неговиот тимски колега и резултираше со 4то место.
Кога започна интересниот дел од трката, после одредени казни во возењето,остана група од 11 возачи кои возеа со разлика од само 2 секунди.
Потоа следеше типична престрелка во Мото3 во последните два круга. Татај нападна и се префрли на петтата, а потоа и на третата позиција. Носителот на пол-позицијата буквално издоминира, па ја задржа позицијата и прв пат во кариерата се искачи на победничкиот подиум, а на нашиот тим му го донесе и првиот трофеј за Големата награда во Мото3 шампионатот. Артигас го зазеде 6то место, помалку од пет секунди зад победникот и нешто повеќе од една секунда зад неговиот тимски колега.
,,ОВА Е ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА CFMOTO, НАЈБРЗО РАСТЕЧКИОТ БРЕНД ВО POWERSPORT ИНДУСТРИЈАТА, ЗАТОА ШТО ЗА ПРВ ПАТ ВО МОТО3 ШАМПИОНАТОТ, ЕДЕН ВОЗАЧ ОД НАШИОТ ТИМ ГО ОСВОИ ПОБЕДНИЧКИОТ ПОДИУМ“
Од 1-ви до 3-ти април, Grande Premio Michelin de la Republica -Аргентина ја носи серијата во Јужна Америка за прв пат по три години. Двајцата ,,пилоти“ на CFMOTO Racing PruestelGP извозеа на цврсто тло, што имаше особено позитивно влијание во последните два круга. Во екипното рангирање, екипата на CFMOTO се искачи на 3-то место а караванот продолжува понатаму со уште повеќе енергија и мотив за нова победа.
По фантастичната трка, нашите возачи рекоа:
Карлос Татај: „Дадов 100% од себе! На почетокот погрешив, но после тоа само сакав да го освојам подиумот и навистина возев до максимум. Дадов гас и возев колку што можев. Следниот пат ќе бидеме подобри и ќе се трудиме уште повеќе“.
Ксавиер Артигас: „Беше многу тежок ден, многу жешко, но задоволен сум од резултатот бидејќи освоивме бодови и стигнавме до 3-та позиција на табелата. Се обидов да останам на чело на колоната, но не сакав да згрешам. Среќен сум. Ова е добра позиција за нас да изградиме и да направиме повеќе на следната трка“.
Резултати од Moto3 GP за Големата Награда- Индонезија:
1. Denis Fođa, ITA, Honda 38:51.668
2. Izan Guevara, ESP, GASGAS +2.612
3. Carlos Tataji, ESP, CFMOTO +3.639
4. Serhio Garcia, ESP, GASGAS +3.759
5. Deniz Oncu, TUR, KTM +3.870
6. Ksavier Artigas, ESP, CFMOTO +4.962
Горди сме што CFMOTO има еден ваков тим од професионалци и покрај предизвиците се надеваме на прво место на трката во Аргентина !