
СЕ ВОЗЕВМЕ СО CFMOTO НИЗ ПЕЈСАЖИТЕ И ПРЕДЕЛИТЕ КОИ ОДЗИМААТ ЗДИВ ВО ФОЧА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
Нашите четирицикли се големи и многу моќни машини, со нив се доживуваат најубавите и најинтересни авантури во природа и непознат предел.
Таква интересна авантура со поглед кој го одзема здивот доживеавме и изминатиов викенд на тура во Фоча, Босна и Херцеговина. Но, четирициклите можат да бидат и незгодни
за контрола ако немате доволно искуство,без оглед на големите, речиси неисцрпни способности на овие ,,машини” за совладување на скоро секој природен терен, на крајот, главниот човечки фактор, т.е. возачот, е оној кој го контролира возилото. Затоа нашата мала но, искусна група на off-road љубители се реши за една ваква поинтересна дестинација.

