cfmoto македонија 2021
CFMOTO Продолжи да возиш: Ништо не може да го запре твоето темпо!

Продолжи да возиш: Ништо не може да го запре твоето темпо!

Можеби не ви текнува на одговор на горенаведеното прашање, но еве една интересна приказна.

Мотоциклист кој за 7 месеци помина 25 држави, сега ја споделува приказната со нас. За прв пат со вас споделуваме приказна која ги освои авантуристите и љубителите на мотоциклите ширум светот.

Ви ја претставуваме приказната за Јарослав Шима, кој не е само одличен новонар туку и авантурист од Чешка. Неговата цел се чини едноставна, но воопшто не е така. Тој со неговиот мотоцикал поминал неверојатни 2.000.000 (милиони) километри.Уште од раните 1970-ти, Јарослав не ја запоставил својата желба за патување на долги релации. Секоја година поминувал најмалку 40.000 километри на пат.

До овој момент, има поминато приближно 1,65 милиони киломтери.

,,Речиси сите пари што ги заработувам ги трошам на бензин. Ако немам каде да се сместам ќе закачам мал шатор веднаш до мојот мотоцикал, одмарам или преспивам и потоа продолжувам понтаму.’’ – вели Јарослав.

Помина долго време откако тој ја сподели оваа приказна, а воедно и животот со својот ,,миленик’’ – CFMOTO. За CFMOTO е огромна чест и задоволство што има еден ваков верен пријател и поддржувач.

Јарослав веќе има поминато над 60.000 киломтери со мотоцикли на CFMOTO. Тој го спроведе своето прво патување со моќниот CFMOTO 650 GT и тоа од Чешка до Македонија, во должина од 7000 километри. Потоа, со истиот модел повторно патувал од Хрватска до Словенија со поминати 3500 километри. Тој исто така, возел и модел CFMOTO NK 300 цели 24 часа за да стигне до најодалечената точка на Слешка, на надморска височина од 1500 метри. За време на долготрајното патување со уште еден моќен модел а тоа е 800 МТ, на Јарослав му се придружил и пар во заедничка мотоциклистичка турнеја со моделот 650 GT.

CFMOTO 800 MT е првиот понуден модел кој Јарослав го избрал за тестирање на долги релации и се надеваме дека го освоил со своите спецификации и технички карактеристики. Целта на првата фаза од својот план е да спроведе тест-возење од 50.000 киломтери со некој од нашите модели. Од јули до ноември 2021 година, Јарослав патувал повеќе од 31.500 километри, преминувајќи 21 европска земја.

(Чешка → Австрија → Словачка → Полска → Литванија → Латвија → Естонија → Словенија → Унгарија → Романија → Бугарија → Грција → Албанија → Македонија → Косово → Црна Гора → Србија → Босна и Херцеговина → Хрватска → Италија → Германија → Франција → Шпанија…).

Ова е сè уште само почеток на приказната за тестирањето на 800 МТ на Јарослав, а неговото патување и понтаму продолжува. Ние сме среќни што имаме супер пријател како него и горди сме на поддршката која ќе ја пружиме и придонесеме за неговиот сон да продолжи да се остварува.

 

CFMOTO- многу повеќе од што очекувавте !

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com