
CFMOTO RACING PRUSTEL GP- СТАРТУВАШЕ НА СПЕЦИЈАЛНАТА ПАТЕКА ВО АРГЕНТИНА!
Пред повеќе од 2 години, Светскиот шампионат во MotoGP™ со своите три тркачки класи го имаше своето последно гостување во Јужна Америка. Соодветно на тоа, неколку од сегашните возачи на Moto3™ можеа да се докажат на самото место. Овој викенд, конечно дојде времето повторно патеката Терма де Рио Хондо да биде сцена на Гран При, што ,,жешко“ го очекуваат не само љубителите на трките во Аргентина туку и сите фанови низ целиот свет.
За тимот на CFMOTO Racing PruestelGP, патеката останува во добро сеќавање, тие можеа да го преземат првиот подиум во 2018 година, но тоа останува во минатото. По успешниот викенд на Големата награда на Индонезија пред две недели, тимот професионалци # 99 Карлос Татај и # 43 Ксавиер Артигас , патуваше дури околу половина свет за идеално да ги проследи овие врвни перформанси и уште подобар резултат и на јужноамериканска почва.
# 99 Карлос Татај
„Секако дека сум мотивиран по трката во Индонезија. Многу сум среќен како се одвиваат работите и сега треба да останеме фокусирани во Аргентина бидејќи тоа е нова патека за мене. Ќе продолжам да работам напорно и со постигнатите резултати да останам на првите позиции. Значи: да се фокусираме и да направиме вистинско шоу !“
# 43 Ксавиер Артигас
„По долгото патување конечно пристигнавме во Аргентина. Многу сум возбуден што ќе ја истрчам оваа нова патека за мене и ќе ја започнам Гран При со одличните чувства и мотивација од Индонезија. Подготвен сум да дадам се од себе со мојот тим“.
Распоред на Гран При во Аргентина од 01 април – 03 април за Moto3 ™
ПЕТОК, 01 АПРИЛ 2022 г.
14:00 – 14:40 ч. (CET) Moto3™ Free Practice Nr. 1
18:15 – 18:55 ч. (CET) Moto3™ Free Practice Nr. 2
SATURDAY, 02 APR 2022
14:00 – 14:40 ч. (CET) Moto3™ Free Practice Nr. 3
17:35 – 17:50 ч. (CET) Moto3™ Qualifying Nr. 1
18:00 – 18:15 ч. (CET) Moto3™ Qualifying Nr. 2
SUNDAY, 03 APR 2022
15:00 – 15:10 ч.(CET) Moto3™ Warm Up
17:00 ч. (CET) Moto3™ Race (21 Laps)
Каде и кога ќе се емитува MotoGP?
Исто како и минатата година, така и во сезоната 2022, светското првенство може да се види на бесплатната телевизија на ServusTV (германски коментатор). Додека пак на Sport Klub 3 можете да ги следите сите тренинзи, квалификациски сесии и трки во живо во сите 3 тркачки дена. Преносот започна денес (сабота) во 08.15 часот со тренинзи по аргентинско време ,пред почетокот на првите квалификации за Moto3™. Во недела, преносот започнува во 16:20 часот, а од 17:00 часот може да ги гледате трките Moto3™, Moto2™ и MotoGP™ во живо на ТВ или на онлајн стриминг.
Ги бодриме нашите врвни возачи и со нетрпение ги очекуваме резултатите !