CFMOTO Македонија организираше техничко-едукативна тура-авантура!
На 18.08.2024 CFMOTO Mакедонија организираше техничко-едукативна тура-авантура на Попова Шапка поточно кај местото Лешница.
Бидејќи секоја наша тура е посебно доживување, овој пат решивме тоа да го направиме со поинаква содржина.
Турата беше организирана од поинаков тип досега, односно нашите врвни и искусни обучувачи од Граничната Полиција
на Р.Македонија ги запознаа прусутните со техничко-едукативната содржина а посебен акцент беше ставен на безбедноста при управување со вакви типови на возило.
Изразуваме посебна благодарност до нашите обучувачи за нивниот труд и посветеност кои ги запознаа присутните со потребите информации околу АТВ возилата, нивните карактеристики и секако безбедноста при самото упрувавање.
Така, со знакот на CFMOTO најпродаваниот бренд за АТВ возила на европско тло ги започнуваме овој тип на авантури за сите заинтересирани, љубители на авантурите како и за веќе искусните авантуристи.
Ваквите тури од овој тип, ќе продолжат и понатаму и ќе станат наша практика бидејќи CFMOTO Македонија е општествено одговорна компанија со континуиран развој се со цел на нашите сегашни и идни членови на фамилијата CFMOTO да им обезбедиме доволно информации за возилата, безбедноста како и гаранција за самите возила.
CFMOTO – повеќе од што очекувате!