Претставен е новиот тим за Moto3 GP во сезона 2022
„WELCOME NEW COLOURS TO THE GRID“ е насловот на презентацијата на тимот на Florian Prüstel кој официјално ја отвори новата сезона за Moto3™ за 2022 година.
Како што знаете припремите за учество во овој шампионат се почнати многу порано и вчера на прочуената стаза Sachsenring официјално е претставена екипата и мотоцикалот со кој ќе се учествува на овогодинешниот Moto3 GP. За жал, како и претходната година така и оваа заради пандемијата со корона вирусот, фановите на CFMOTO и тимот на Florian Prüstel не можеа да ја претстават во живо екипата за учеството во шампионатот туку директниот пренос се одвиваше на социјалните мрежи и привлече големо внимание на друштвените платформи.
Многу нешта се променија во саксонскиот тркачки тим во претходните неколку месеци.Најголемата промена е што за сезоната 2022 г. тимот го промени статусот од приватен во официјално корпоративен тим на CFMOTO. На оваа презентација присуствуваше и нашиот потпретседател за продажба на Европскиот пазар- Markus Ferch.
CFMOTO повторно ги поместува границите, бидејќи стана првиот Кинески брнед кој заземал учество во светскиот шампионат. Ова не е прв пат да се поместат границите на овој начин, бидејќи во 2013 год. беше првиот кинески произведувач чиј мотоцикал заврши во прочуената трка Isle Of Man TT, кога освои фантастично четврто место, додека третото место му избега за заостанување од помалку од една секунда.Со веќе стекнатото тркачко искуство спремни сме за следниот голем чекор во Moto3™ шампионатот.
За менаџерскиот тим на Florian Prüstel, 2021 год. беше една од најтешките сезони од основањето на тркачкиот тим, но како што изјавија се радуваат на претстојното учество и имаат големи очекувања.Истовремено се и среќни и горди што соработуваат со меѓународен и моќен бренд како што е нашиот CFMOTO.
Новиот тим,CFMOTO Racing PruestelGP, ќе ја започне оваа сезона со тим од шпански возачи. За CFMOTO ќе вози Xavier Artigas #43 и Carlos Tatay #99, двајца искусни возачи кои во минатата сезона покажаа огромен потенцијал.Xavier Artigas минатата година возеше за екипата на Leopard и на последната трка во сезоната забележа победа,а во текот на сезоната редовно завршуваше меѓу првите 10 најбрзи возачи.Carlos Tatay, неколку пати трките ги завршуваше меѓу првите десет возачи, така да слободно можеме да кажеме дека во тимот на CFMOTO имаме квалитетни и талентирани возачи.
Нашиот тим наскоро ќе отпатува за Шпанија на првите тестови пред да почне стартот на Moto3™ за сезоната 2022г.со првата трка во Катар на почетокот на март.
,,Очекуваме многу, тоа е сигурно.Сакаме да го воведеме CFMOTO како бренд во светскиот шампионат.И тоа ќе се случи од спортските резултати
на нашите возачи.Исто така, имаме голема поддршка од кинеските навивачи и секако се надеваме дека ќе продолжиме успешно да соработува со
CFMOTO и во иднина.“
,,Минатата година научив многу,а оваа година сум спремен како никогаш да бидам прв на сите трки.Секако, преминувањето во CFMOTO е нешто на кое морав
да се прилагодам и сеуште работам на тоа, но атмосферата во тимот е многу добра и ме мотивира да возам со полн гас до победа“.
,,Ќе ги почекаме прво тестовите во Шпанија а потоа ќе одлучиме за целите во сезоната. Напредував во последните трки,во секоја трка и многу сум задоволен со новиот тим.Се радувам за старотот на новата сезона и се чувствувам многу подготвено.“
MARKUS FERCH
потпретседател за продажба
,,Ова е секако голем чекор за нас како компанија за да ги прошириме нашите активности на мото трките.
Ова е одличен почеток за долгорочна соработка и се радуваме на силниот бренд и талентираните возачи како во медиумите така и на стазите.“