Најава: CFMOTO и оваа година учесник на ,,Street Show” 2022
Во исчекување сме на третото по ред издание на најпопуларниот автомобилски настан во организација на Авто Плус за оваа 2022 година – STREET SHOW .
Од 3ти до 5ти јуни оваа недела под отворено небо, ќе се одржи најголемиот авто-мото настан, кој со своето излагање преку голем број на учесници, вклучувајќи го и CFMOTO, ќе ги пречека сите љубители на адреналинот. Како досегашно трето издание, оваа традиција се повеќе прераснува во масовен и најпосетен настан од ваков тип, каде што освен автомобили и мотоцикли, ќе бидат изложени и додатоци и опрема.
АВТО ПЛУС како најстар автомобилски медиум во нашата земја, за прв пат го организираше овој настан во 2019та година и успешно ги собра на едно место сите дилери и импортери кои имаа можност да ги презентираат пред јавноста своите модели и актуелни понуди од богатите програми.
Сите посетители ќе имаат можност одблиску да ги погледнат големиот број на изложени комерцијални и теренски автомобили, како и мотоцикли, опрема и многу други интересни модели и новитети.
Настанот како и досега ќе се одржи пред спортската сала ,,Борис Трајковски“ во Скопје. Каде во тридневното уживање посетителите ќе имаат можност да се запознаат со голем дел од новите и стари возила, мотоцикли, додатоци и сл. CFMOTO и оваа година е учесник од број 1 програмата за дистрибуирање на теренски возила,мотоцикли и скутери.
Се гледаме на STREET SHOW !
CFMOTO- многу повеќе од што очекувавте !