Најава: CFMOTO ве води на адреналинска ,,Тура-Авантура“ на Попова Шапка !!!
Подгответе сѐ за една од најинтересните и највозбудливи авантури досега сo CFMOTO. Ви најавуваме една поинаква ТУРА-АВАНТУРА која нема да ве остави рамнодушни.
Овој пат ве водиме низ падините,богатиот планински предел и чистиот воздух на Попова Шапка, за во овие летни денови да ги занемариме барем за миг високите температури и да уживаме во убавините кои ни ги пружа еден од најубавите прдели кај нас
Ве очекуваме на 17-ти јули во недела на незаборавна тура-авантура со CFMOTO, тимот и сите оние кои поседувате CFMOTO АTV возило.
Програма за турата :
- 09:00 ч. – собир на групата и појдовна точка на патувањето – Бензиска станица ,,ЛУКОИЛ“, Лешок
- 10:00 ч. – поаѓање за Љуботен
- 14: 00 ч. -пристигнување во планинарскиот дом ,,Љуботен“ и пауза за ручек со традиционално тетовско гравче
- 15:00 ч. – поаѓање кон врвот Љуботен
- 17:00 ч. – враќање назад на бензиската станица ,,Лукоил“ Лешок
Пријавувањето може да го направите преку порака на нашите социјални мрежи cfmoto.macedonia и Cfmoto Macedonia или на тел. броеви:
CFMOTO салон Скопје- 075358533
MOTO LUSHI Тетово – 071303935
CFMOTO – многу повеќе од што очекувавте !