cfmoto македонија 2021
CFMOTO ИСПИШАНА Е ИСТОРИЈА – ДВОЕН ПОБЕДНИЧКИ ПОДИУМ ЗА CFMOTO

ИСПИШАНА Е ИСТОРИЈА – ДВОЕН ПОБЕДНИЧКИ ПОДИУМ ЗА CFMOTO

Во светот на мотоциклистите, недела е ден наменет за трки. Тоа е ден кога се случуваат некои големи и значајни работи. Оваа недела, 25.05. беше многу значајно за нас бидејќи CFMOTO имаше двоен победнички подиум за прв пат во својата историја.

На трката која се одржа на 26.05. за Големата награда на Каталонија, нашите возачи Дејвид Алонсо со 1. место во Мото 3 и Џејк Диксон со трето место на трката Мото 2 ни донесоа голема радост, но и гордост поради фактот што уште еднаш ги поместивме границите на нашите претходни достигнувања.

Дејвид Алонсо одржа лекција на жестоката конкуренција во Мото3 шампионатот на патеката Каталуња, каде победи и го презеде водството во генералниот пласман.

Неговиот клупски колега Џејк Диксон го постигна првиот подиум сезонава со феноменално возење во класата Moto2, а сигурни сме дека ќе продолжи со добро темпо и на следната трка.

По многубројните успеси на различни полиња, откако сме единствениот кинески производител кој учествуваше во Мото 3, а потоа и во Мото 2 шампионатот, откако станавме првиот кинески бренд кој забележал победа на една од светските трки. Шампионат во Мото ГП, денес станавме единствениот кинески производител кој се наоѓа на два подиуми во истиот тркачки викенд, во светските првенства Мото 3 и Мото 2.

Сигурно е дека CFMOTO нема да застане тука, дека претстојат уште многу големи достигнувања, вклучувајќи ги и оние со одличниот тим CFMOTO Aspar Racing.

Продолжуваме да бараме предизвици и да ги поместуваме границите повторно и повторно, докажувајќи го значењето на слоганот по кој станавме препознатливи….CFMOTO – Повеќе од што очекувате!

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com