cfmoto македонија 2021
CFMOTO Зимски караван со CFMOTO и новиот UFORCE 1000 XL

Зимски караван со CFMOTO и новиот UFORCE 1000 XL

Зимата е одличен период за голем број снежни авантури и адреналин. Токму затоа, тимот на CFMOTO го искористи снегот и убавото време да претстави еден свој ексклузивен новитет но и можност заинтересираните да пробаат некој од стандардните моделите изложени на настанот. Снежниот караван кој се одржа во јануари имаше за цел да го претстави новиот модел од палетата на возила на CFMOTO- UFORCE 1000 XL.

Овој ,,ѕвер” е најголемото наменско возило во понудата на CFMOTO со дури шест седишта во просторната кабина за целото семејство или за дружба со пријателите. Овој моќен теренец во комбинација со гусеници за снег е спремен дури и за најекстремните терени.Одлични спецификации и технички карактеристики споени со врвен дизајн и голем товарен простор со кој можете да уживате или да се опремите за работа.

Зимскиот караван со презентацијата започна во снежното Маврово,а продолжи кон Пониква и на крај Попова Шапка. Реализираниот настан ги опфати најпосетуваните зимски центри кај нас и им овозможи на посетителите да уживаат во несекојдневните активности а секако и да испробаат некој новитет. CFMOTO UTV 1000 XL беше претставен во најдобро светло а љубителите на off-road авантурите беа презадоволни и воодушевени. Овој модел е придвижуван од можниот 963 cc V-твин мотор со можност од 71 KC.Има голем товарен капацитет во отворениот заден дел а дополнително има и т.н drive-by-wire електронски гас кој овозможува глатко оперирање и мирно возење. Возилото сериски доаѓа со 5 инчен TFT екран, LED светла и Bosch електорнски систем за вбризгување на гориво.

Новиот модел ќе биде во продажба од месец март а до тогаш имајте предвид дека возилата на CFMOTO се најпродавани во Европа и пошироко и доаѓаат со богата стандардна опрема и дури 3 години гаранција. Затоа што CFMOTO е многу повеќе од што очекувавте!

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com