cfmoto македонија 2021
ATV vozila Влечни приколки од CFMOTO за ATV и UTV како најдобар сојузинк во работата

Влечни приколки од CFMOTO за ATV и UTV како најдобар сојузинк во работата

Летото е време од годината кога сезонските бизниси се во најголем ек после зимската хибернација. Нивите, овоштарниците, шумите станаа преполни со луѓе кои напорно работат да ги завршат сите задачи што ги имаат. Исто така, почнува да работи градежништвото, како и сите работни места што чекаа убаво време. Додавањето приколка зад вашиот ATV или UTV може да биде одличен начин да го зголемите вашиот работен капацитет. Дизајнирани да ви ја олеснат работата на терен, достапни се многу приколки за проширување на можностите на вашиот ATV или UTV. Сепак, додека размислувате кој трејлер најдобро би ви помогнал со вашите работни задачи, има неколку работи што треба да ги имате на ум.

 Совети за влечење приколка зад вашиот теренец :

1. ПРОВЕРЕТЕ ГО ВЛЕЧЕЊЕТО НА ВАШЕТО ВОЗИЛО
Најважното нешто кога влечете приколка е да бидете сигурни дека сте во рамките на капацитетот за влечење на вашето возило.

Ако ја преоптоварите вашата приколка, ставате поголем стрес на тркалата и оските отколку што се дизајнирани, што може да предизвика сериозно оштетување на вашиот ATV или UTV. Кога калкулирате за тежината за влечење, не заборавајте да го вклучите товарот како и самата приколка. Можете да најдете информации за капацитетот на влечење од вашиот прирачник.

2. НАБАВЕТЕ ДОБРА И СООДВЕТНА ОПРЕМА

Потребна ви е соодветна опрема за вашата приколка што ќе ја користите на терен. Постојат различни приклучоци за ATV и UTV во зависност од видот и големината на вашата приколка.

Ја препорачуваме повеќенаменската кука, бидејќи ви дава флексибилност да ја менувате куката врз основа на типот на приколката што ја користите. Следно, препорачуваме да додадете неколку безбедносни синџири.На терен надвор од асфалтот, каде што приколката работи без престан, важно е товарот што го имате во неа да биде добро прицврстен за да не испадне од него или да се преврти.

3. РАСПРЕДЕЛЕТЕ ЈА ТЕЖИНАТА

Ако планирате тежок товар во приколката, погрижете се рамномерно да ја распределите тежината. Направете го тоа така што тежината е рамномерно распоредена и напред и назад и на секоја страна. На пример, ако има преголема тежина на задниот дел од вашиот теренец, предниот дел може малку да се подигне, со што ќе ја одземе влечната сила од предните гуми и ќе предизвика непотребен стрес на задната оска. АТВ и УТВ имаат дополнителен простор за капацитет.

4. ПРИЛАГОДЕТЕ ГО ВОЗЕЊЕТО НА ТЕРЕН

Додавањето приколка назад носи сосема нов начин на возење, па мора да се прилагодите соодветно. Најважно е дека дополнителната тежина ќе го зголеми времето на сопирање. Обидете се постепено да застанете, наместо да стиснете нагло на сопирачките.Внимавајте, приколката може да ве заниша или да се закачи. Конечно, не заборавајте дека приколката му додава должина на вашето возило и може да создаде неочекувани слепи точки. Внимавајте кога возите низ тесен терен, бидејќи со приколка е поинаку од она на кое сте навикнати да возите.

На нашиот сајт може да најдете голем асортиман на додатна опрема и приколици за вашата работа.

CFMOTO – многу повеќе од што очекувавте !!!

 

Podelite sa prijateljima

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ.Пролет 4А, Скопје
+389 70 97 75 72
adimusevski@yahoo.com