cfmoto македонија 2021
CFMOTO CLASSICS

CFMOTO Classics – Раскажете ја вашата CFMOTO авантура и освоите патување во Кина!

Од самиот почеток, CFMOTO е создадено со уверување дека вистинската авантура не ја прави само возачот, ниту само машината – туку нераскинливата врска помеѓу нив. Секој поминат километар, секој освоен терен и секој момент поминат на вашето CFMOTO возило – дел се од заедничкото патување кое засекогаш останува врежано во сеќавањето.

Затоа ве покануваме да ја споделите таа приказна со нас!
Преку кампањата CFMOTO CLASSICS, ги собираме сите вистински љубители на нашиот бренд:
Дали со вашиот ATV, SSV или UTV сте истражувале оддалечени предели? Дали сте помогнале некому кога најмногу било потребно? Или едноставно сте доживеале оној непроценлив момент кога сте знаеле – ова е тоа?
Споделете ја вашата приказна и станете дел од колекцијата на CFMOTO класики.

Доколку имате возило произведено пред 31.12.2019. година, раскажете ни ја вашата приказна. Таа може да ве однесе сè до Кина.

Прва награда: Патување во Кина и ексклузивна посета на фабриката на CFMOTO, која се наоѓа во градот Хангџоу, каде што ќе имате можност да видите како изгледа еден од најмодерните погони за производство на возила во светот, како и да се запознаете со новитетите, но и да ги испробате новите модели на тест полигон во кругот на фабриката. И уште изненадувања

Исто така, во текот на различните фази на кампањата ќе имате можност да освоите оригинални CFMOTO аксесоари, подароци и опрема!

stari cforce 450L

НАРЕДБА НА ИГРАТА CFMOTO
CLASSICS - ВЕ ВОДИМЕ ВО КИНА!

Како да учествувате?

  • Напишете ја вашата лична приказна со вашиот CFMOTO ATV, SSV или UTV.
  • Приложете фотографија која ја илустрира вашата авантура.
  • Приложете доказ за сопственост и дека возилото е произведено пред 31.12.2019 година.
  • Пополнете го формуларот за учество подолу.

МОЖЕБИ ТОЧНО ВИЕ ПАТУВАТЕ ВО КИНА

Календар на кампањата:

  • 29 јуни: Затворање на пријавите и предселекција на најинтересните приказни.
  • 30 јуни: Избраните учесници ќе бидат контактирани од страна на Guevara doo, нивната приказна ќе биде прикажана во видео формат и ќе добијат CFMOTO ранче!
  • 1 јули: Краен рок за испраќање на видео материјал – тогаш ќе биде избран по еден претставник од земјите на Западен Балкан.
  • Јули: Снимање со нашиот тим за приказната на победникот да заблеска во цел свој сјај.
  • Завршно извлекување: Официјалното жири на CFMOTO ќе го избере победникот на кампањата кој ќе освои патување во Кина!

Во рамките на големата меѓународна кампања CFMOTO CLASSICS, нашиот регион ќе има свои двајца претставници!

Избираме:
✅ Еден сопственик на CFMOTO возило од групата приватни корисници
✅ Еден сопственик од групата деловни корисници (компании, претприемачи и организации)

Ако доживеа незаборавна авантура со својот ATV, SSV или UTV – сега е моментот твојата приказна да добие внимание што го заслужува!

Испрати ја твојата приказна со фотографија од твоето возило во акција и освои можност да нè претставуваш во финалето – а можеби и патување во Кина!  ✈️

НАГРАДИ

I НИВО – Главни награди

Патување во Кина – посета на фабриката на CFMOTO и туристичка тура во Хангџоу.

– 1x најдобар приватен корисник
– 1x најдобар професионален корисник

Крајниот избор на патници го прави глобалниот тим на CFMOTO, врз основа на препораки од локалната комисија. Задржуваме право на замена на кандидати согласно глобалните квоти и логистички фактори.

 

II НИВО – Вредни награди

Награди за останатите финалисти:
– Ваучери за сервис или опрема

– Дополнителна CFMOTO опрема (ракавици, кациги, куфери…)

 

III НИВО – Симболични награди

За сите квалификувани учесници:
– CFMOTO подарочен пакет (маици, капи, налепници и слично)

Повеќе од кампања – Единство на нашата заедница

CFMOTO CLASSICS не е само обична наградна игра – тоа е омаж за сите вас кои секојдневно му давате живот на нашите возила. Без разлика дали сте авантурист, професионалец, натпреварувач или едноставно ентузијаст, вашето искуство има непроценлива вредност. Учествувајте веднаш и подарете ѝ на вашата приказна признание што го заслужува.

Заедно, да направиме CFMOTO заедницата да блесне ширум светот!

Оваа кампања е исклучиво наменета за корисници на CFMOTO квадови, SSV и UTV возила произведени пред 31.12.2019 година. Пријавите со мотоцикли нема да бидат земени предвид.

CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира, продава највисок квалитет на теренски возила за сите површини. CFMOTO се занимава со производство и испорака на најсигурни и најисплатливи ATV, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Контакт информации

Понеделник-Петок: 09h-17h Сабота: 10h-15h
УЛ. Борис Трајковски 278, Скопје
+389 76 400 060
sales@stmotors.mk